Thursday 17 December 2015

                              Фудбал

Фудбал (од анг. football) — игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да свирни ЕНЦ. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти. 

Улога на играчите


Секој играч на теренот, во текот на натпреварот е задолжен за исполнување на одредена задача од страна на својот менаџер или тренер. Во фудбалот, обично натпреварувачите се делат на:

Голман.
голман, кој основна цел му е да ја брани својата мрежа од противниците. Голманот може да ја допира топката со раце, но само во својот казнен простор. Истотака, не му е дозволено со раце да ја фаќа топката која му ја вратил својот соиграч.
одбранбен играч, чија главна цел е одбрана на својот гол. Одбранбениот играч често се покрива или следи еден противнички играч во текот на целата игра. Одбранбените играчи често мораат решително да им се фрлат во нозете на противниците за да дојдат до топката.
средишен играч, чија главна цел е поврзување на одбраната со нападот. Во зависност од самиот натпревар, средишните играчи имаат и други улоги. Тие се всушност најчесто креаторите на играта.
напаѓач, чија главна цел му е постигнување на гол во противничката мрежа.

                                 Кошарка

Кошарката е екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.
Во 1891Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална кошаркарска асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До бодови во кошарката се доаѓа со фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе бодови е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 бода, кошот постигнат надвор од лакот 3 бода, а кошот од слободни фрлања носи по 1 бод. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.
Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирањедодавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.

Friday 11 December 2015

                                               THE BEST TEAM 

                              Maya Moore

Maya Moore UConn.jpg

Wednesday 9 December 2015

                        Коби Брајант

Уште на почетокот на својата кариера, Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и, заедно со Шекил О'Нил, бил најзаслужен за трите последователни шампионски прстени, освоени во периодот (2000-2002).
На 5 март 2003 година, Брајант постанал најмладиот играч во историјата на НБА со постигнати 10 000 поени, со 24 години и 193 дена), а подоцна, постанал и најмладиот играч со постигнати 25 000 поени. На почетокот на декември 2012 година, Брајант се запишал во историјата на кошарката на тој начин што влегол во кругот на кошаркарите од НБА кои во кариерата постигнале над 30 000 поени. Имено, на натпреварот против "Њу Орлеанс Хорнетс", Брајант постигнал 29 поени,со што станал дел од клубот "30 000", во друштвото на големите имиња од НБА, како: Карим Абдул ЏабарКарл МелоунМајкл Џордан и Вилт Чемберлен. Притоа, на возраст од 34 години, Брајант постанал најмладиот кошаркар кој во својата кариера успеал да постигне толку поени.[1] Во декември 2014 година, на мечот против „Минесота“, Брајант го преминал Мајкл Џордан и постанал трет најдобар стрелец во историјата на НБА, со вкупно постигнати 32.310 поени.[2]
На 22 јануари 2006 година, во мечот против „Торонто Рапторс“, Брајант постигнал 81 поен, постанувајќи втор најдобар стрелец на еден натпревар во историјата на НБА, по Вилт Чемберлен, кој постигнал 100 поени.
Коби Брајант настапил на 17 „Ол-стар“ натпревари, од кои, на дванаесет натпревари бил дел од првиот тим, а во 1997 година победил на натпреварот во забивање. Коби Брајант има освоено една награда за најдобар играч во НБА (MVP) во сезоната 2007-08 и има пет прстени односно бил пет пати НБА шампион од кои бил два пати најдобар играч (MVP) во финалето.

                         Леброн Џејмс

Во сезоната 2011/2012, со својот тим Мајами Хит, Леброн Џејмс го освои шампионскиот прстен на НБА лигата. Тој беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија.
Летото 2012 година, со репрезентацијата на САД, Леброн Џејмс го освои златниот олимписки медал на Олимписките игри во Лондон, победувајќи ја во финалето репрезентацијата на Шпанија.
Во јануари 2013 година, со постигнатите кошеви на мечот помеѓу Мајами Хит и Голден Стејт Вориорс, Леброн Џејмс постана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал 20.000 поени и 5.000 асистенции. На тој меч, Џејмс постигнал 25 поени, 10 асистенции и 7 скокови. Претходно, Џејмс постанал и најмладиот играч на НБА кој постигнал 1 000 поени, а потоа и 10.000 поени. Инаку, тој е тринаесеттиот кошаркар на НБА-лигата кој остварил 20 000 поени и 5 000 асистенции.[2] Во февруари 2015 година, на натпреварот против Детроит Пистонсостварил 11 додавања, со што дошол до вкупно 6.142 додавања во кариерата, соборувајќи го рекордот на Скоти Пипен.[3]