Wednesday 9 December 2015

                        Коби Брајант

Уште на почетокот на својата кариера, Брајант се истакнал како одличен играч и столб на тимот и, заедно со Шекил О'Нил, бил најзаслужен за трите последователни шампионски прстени, освоени во периодот (2000-2002).
На 5 март 2003 година, Брајант постанал најмладиот играч во историјата на НБА со постигнати 10 000 поени, со 24 години и 193 дена), а подоцна, постанал и најмладиот играч со постигнати 25 000 поени. На почетокот на декември 2012 година, Брајант се запишал во историјата на кошарката на тој начин што влегол во кругот на кошаркарите од НБА кои во кариерата постигнале над 30 000 поени. Имено, на натпреварот против "Њу Орлеанс Хорнетс", Брајант постигнал 29 поени,со што станал дел од клубот "30 000", во друштвото на големите имиња од НБА, како: Карим Абдул ЏабарКарл МелоунМајкл Џордан и Вилт Чемберлен. Притоа, на возраст од 34 години, Брајант постанал најмладиот кошаркар кој во својата кариера успеал да постигне толку поени.[1] Во декември 2014 година, на мечот против „Минесота“, Брајант го преминал Мајкл Џордан и постанал трет најдобар стрелец во историјата на НБА, со вкупно постигнати 32.310 поени.[2]
На 22 јануари 2006 година, во мечот против „Торонто Рапторс“, Брајант постигнал 81 поен, постанувајќи втор најдобар стрелец на еден натпревар во историјата на НБА, по Вилт Чемберлен, кој постигнал 100 поени.
Коби Брајант настапил на 17 „Ол-стар“ натпревари, од кои, на дванаесет натпревари бил дел од првиот тим, а во 1997 година победил на натпреварот во забивање. Коби Брајант има освоено една награда за најдобар играч во НБА (MVP) во сезоната 2007-08 и има пет прстени односно бил пет пати НБА шампион од кои бил два пати најдобар играч (MVP) во финалето.

No comments:

Post a Comment