Thursday 17 December 2015

                                 Кошарка

Кошарката е екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.
Во 1891Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална кошаркарска асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
До бодови во кошарката се доаѓа со фрлање на топката во обрачот на кошот. Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе бодови е победник. Кошот постигнат во лакот вреди 2 бода, кошот постигнат надвор од лакот 3 бода, а кошот од слободни фрлања носи по 1 бод. Топката во кошарката се управува со нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да се води.
Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирањедодавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана. Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.

No comments:

Post a Comment